Трансцедентална Јога
Дома Печати

Со современиот начин на живот и соочувањето со многубројните стресни животни ситуации, Јогата се повеќе се користи во секојдневниот живот како средство за надминување на стресните ситуации, за ослободување на тензиите во телото предизвикани од акумулираниот стрес, за потполна релаксација на телото и умот и како начин за одржување на психофизичкото здравје.

 

Во буквална смисла зборот Јога значи обединување, единство или хармонија. Јогата е состојба во која се обединуваат и надминуваат разликите и конфликтите. Со практикување на јога се постигнува обединета свесна состојба на умот каде се е согледано во хармоничен однос со себе. Состојбата на Јога е состојба на трансцедентално постоење, состојба на чисто единство во изворот на мислите.

 

Поимот Трансцедентална изворно означува надминување, надминување на постоечкото, нешто што е над постоечкото, надминување на ограниченото и на целокупнота просторно временска ограниченост. Состојбата на Трансцедентална Јога е состојба на трансцедентално постоење, состојба на чисто единство во изворот на мислите.

 

Трансцедентална јога е ниво на нашиот ум кое е над сите мисли, кое ги надминува сите мисли и активности, а кога нема мисли и активности тогаш останува само свесноста. Таквата чиста свесност е трансцедентална свесност и постигнувањето на трансцеденталната свесност е всушност постигнување состојба на Јога.


Трансцеденталната свесност подразбира потполна будност, внимание и извесност над одредена ситуација. Чистата трансцедентална свесност претставува будност на човековата самосвест, надминување на ограничената свесност и на ограниченото спознание на умот. Трансцедентална свесност и состојба на Јога се постигнува преку техниката за Трансцедентална медитација.

 

Трансцеденталната медитација е потполно природна и ненaпорна техника, екстремно ефикасна, која директно влијае за ослободување на телото од акумулираниот стрес и умор и овозможува релаксација на телото и ослободување на умот од сите негови внатрешни и надворешни преокупации.

 

Техниката за медитација овозможува потполно согледување на внатрешните конфликти, нивно разрешување и усогласување со себе. Со практикувањето на Трансцедентална медитација, умот станува појасен и овозможува постепено будење на чистата трансцедентална свесност како потполна будност и извесност над секоја ситуација, согледување и надминување на сите внатрешни конфликти и нивно усогласување, разбирање и прифаќање на своите потреби и нивно задоволување, хармонија со самиот себе, со другите луѓе како единствен услов за себеспознание и самореализација.


Практикувањето на техниката за Трансцедентална медитација резултира со зголемување на енергетското ниво кај практикантот, подобрување на општата психофизичка состојба, како и со подобрување на релациите и односите во средината во која практикантот живее и работи.